ВИДЕО: Деби гол на ефектен начин за Шиков во дресот на Академија Пандев

Искусниот македонски дефанзивец Ванче Шиков го запиша својот прв гол во дресот на Академија Пандев.

Шиков денеска, во 6. коло од ПМФЛ, против Победа во Битола го игра третиот свој натпревар по пристигнувањето меѓу „пандевци“ и успеа да се запише во листата на стрелците. Поранешниот македонски репрезентативец во 39. минута погоди на ефектен начин со глава, по корнерот на Атанасковски, за водство во тие моменти од 0-2 на Академија Пандев…

Во дресот на струмичани на дуелот во Битола е уште еден поранешен македонски репрезентативец, искусниот офанзивец Аце Стојков. На полувремето Академија Пандев има предност против Победа од 1-2.

Се вчитува...