Вецлар ја прекина серијата од четири порази по ред и славеше на гостувањето кај Лајпциг со 21-25, во натпреварот од 6.коло во Бундеслигата. За тимот во кој настапуваат македонските интернационалци Филип Миркуловски и Јане Цветковски, ова е втора победа сезонава.
За Цветковски пак, кој неодамна доби шанса како трет голман во Вецлар, ова е прва бундеслигашка победа со тимот на Вецлар. Македонскиот голман доби солидни 35 минути на голот и запиша шест одбрани. Миркуловски го заврши мечот со еден гол од четири обиди. Назаслужена за триумфот на Вецлар беше Александер Херман со 11 погодоци.
Во следното коло во Бундеслигата, Вецлар го пречекува Рајн Некар Левен.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА