Македонија од денеска на 43-та шаховска Олимпијада во Батуми

Македонија, со двете свои селекции во машка и во женска конкуренција, од денеска ќе биде дел од 43. шаховска Олимпијада која се одржува во Батуми, Грузија.

Шахистите се рангирани на 43. место, согласно просечниот рејтинг – 2514, во конкуренција на 185 селекции кои ќе учествуваат на Олимпијадата.

Во нашиот состав, предводен од селекторот Роландо Кутиров, се велемајсторите Кирил Георгиев (2593), Владимир Георгиев (2482) и Трајко Недев (2502) како и интернационалните мајстори Филип Панчевски (2489) и Никола Николоски (2394).

Македонската машка репрезентација во првото коло на Олимпијадата денеска ќе се соочи со репрезентацијата на Брунеи.

Жените, пак, во конкуренција на 151 тим се рангирани на 58. место со просечен рејтинг од 2039. Селекторот Влатко Богдановски во составот на женската селекција ќе смета на Бојана Бејатовиќ, Моника Стојковска, Габриела Коскоска, Катерина Петровска и Драгана Николовска.

 

По синоќешното свечено отворање на 43. шаховска Олимпијада, во денешното прво коло на Олимпијадата девојките се среќаваат со селекцијата на Свазиленд.

Се вчитува...