Тофилоски: Ако одиграме како против Шкендија ќе падне и Вардар!

Фудбалерите на Победа приредија вистинско изнанадување совладувајќи го актуелниот освојуваш на двојната круна Шкендија во Тетово во претходното коло од шампионатот. Па, сега со дополнителен мотив го очекуваат денешниот натпревар од 8. коло во ПМФЛ против Вардар кој од 15 часот ќе се игра на Градскиот стадион во Штип.

Капитенот Дарко Тофилоски е еден од столбовите оваа сезона на Победа, еден од најзаслужните не само за победата во Тетово туку и за добрите изданија во текот на овие изминати седум кола. Интересен е фактот дека Тофилоски не е совладан на трите досегашни гостувања.

„На очекува уште еден тежок и неизвесен натпрвар. Вардар несомнено е во редот на водечките клубови во земјава. Лидери се на табелата и тоа доволно кажува дека се во добра форма и дека ни престои тежок меч. Но ние сме концентрирани на нашата игра и нашиот учинок. Сметам дека доколку го повториме изданието со Шкендија имаме големи шанси да забележиме нова победа. Но до неа можеме да стигнеме само со 200% од нашите сили, ангажман и дисциплина во играта на сите оние кои ќе ја добијат довербата на тренерот Мегленски.  Во нашиот состав нема ни повредени ни казнети така да со сите расположиви сили патуваме за Штип по нова победа и нови три бода“ – вели голманот на Победа.

Но, од друга страна и „вардарци“ се во одлична серија, па сигурно очекуваат нови бодови за задржување на лидерската позиција… Барем така најавува Филип Најдовски, сегашниот играч на Вардар кој што во минатото беше дел од редовите на денешниот противник на „црвено-црните“.

„Минав убави две години во Победа, меѓутоа во овој момент би дал сè за триумф на Вардар и за останување на првото место на табелата. Сега сум дел од Вардар и ќе се трудам мојот тим да ги земе трите бода на утрешниот натпревар. Тоа што ја победија Шкендија минатото коло и тоа на нејзин терен во Тетово, треба да ни биде сериозна опомена дека не треба никако да ги потцениме. Има сериозна екипа која може во секој момент да победи секого, меѓутоа за нас приоритет се трите бода и ќе дадеме максимум да ги освоиме“ – вели Најдовски.

Главен судија на мечот во Штип ќе биде Дејан Неделковски а ќе му помагаат Дејан Неделковски и Гоце Петрески (сите од Скопје). Делегат на ФФМ ќе биде Драган Блажовски од Скопје, а контролор на судењето Марјан Ристески од Кичево.

ПРВА ЛИГА – 8. КОЛО (денеска, 15 ч.)

Штип: ПОБЕДА – ВАРДАР

Скопје: РАБОТНИЧКИ – БЕЛАСИЦА

Турново: АК. ПАНДЕВ – ШКЕНДИЈА

Тетово: РЕНОВА – ШКУПИ

Кратово: СИЛЕКС – МАКЕДОНИЈА ЃП

Standings provided by Sofascore LiveScore

Се вчитува...