„Романтичарите“ против Беласица за крај на серијата порази

Работнички денеска од 15 часот пред своите навивачи на „Филип Втори“ во 8. коло од Првата македонска фудбалска лига ќе бара прекин на низата три едноподруго порази во шампионатот.

Составот на Ѓоре Јовановски ќе мора против Беласица да бара стоп на поразите, која, пак, е во серија од две едноподруго победи па струмичани во Скопје доаѓаат со желба и за нов триумф.

„Очигледно е дека тимот го зафати криза. Резултатите и игрите не се на посакуваното ниво, но ќе мора да излеземе посилни од сето ова. Добро е што се случува сега, кога се уште сме на почетокот на првенството, имаме време да се подобриме во сите сегменти. Ќе ја анализираме ситуацијата, и тимски, и поединечно, и не треба да паѓаме психолошки, туку да се издигнеме и да излеземе посилни со напорна работа“ вели тренерот на Работнички, Ѓоре Јовановски.

Главен судија на мечот ќе биде Марјан Стојановски од Кичево, а ќе му помагаат сограѓаните Куштрим Лика и Зоран Јанкуловски. Четврти судија е Александсар Грујоски. За делегат на натпреварот е одреден Гоце Цветановски (Демир Хисар), а контролор на судењето ќе биде Ванчо Коцев (Штип).

ПРВА ЛИГА – 8. КОЛО (денеска, 15 ч.)

Штип: ПОБЕДА – ВАРДАР

Скопје: РАБОТНИЧКИ – БЕЛАСИЦА

Турново: АК. ПАНДЕВ – ШКЕНДИЈА

Тетово: РЕНОВА – ШКУПИ

Кратово: СИЛЕКС – МАКЕДОНИЈА ЃП

Standings provided by Sofascore LiveScore

Се вчитува...