Португалската мегаѕвезда Кристијано Роналдо се соочува со обвинение за силување на американскиот модел Кетрин Мајорга, случај што повторно е отворен од полицијата во Лас Вегас по 2009 година. Тоа предизвика голема бура и во Италија, каде сега Роналдо настапува во дресот на Јувентус.
Има многу припаднички на понежниот пол кои велат дека Роналдо е вистински џентлемен, како една од неговите поранешни девојки, Рафаела Фико.
„Каков е Роналдо? Нормален, тивок, вистински џентлемен. Тренираше и во домот постојано, а навечер гледавме филмови и водевме љубов“, изјави италијанскиот фотомодел.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА