Георгина со непромислен коментар предизвика бес на Инстаграм: „Ми се гадиш…!

Девојката на Кристијано Роналдо, Георгина Родригез се најде на удар на критики од јавноста по еден нејзин коментар на фотографија на сопругата на Антоан Гризман, Ерика Чоперена.

Ерика на својот Инстаграм профил постави фотографија со сопругот и ќерката Миа притоа во описот откривајќи дека повторно е бремена и дека сега ќе роди момче. Георгина веднаш одлучи да коментира на фотографија, а нејзините зборови наидоа на безброј негодувања…

„Малото момче кое ќе ги контролира идните љубители на прекрасната Миа и ќе чува ред“ – напиша Георгина, па по неа следеа бројни коментари дека тоа се непотребни „мачо зборови“ за едно бебе и на родова основа…

„Сите ќе го живеат својот живот. Ова е мачо коментар“… „Извини, но девојките се контролираат сами себе. Во 21. век да напишеш така глуп коментар е нешто неверојатно“… „Ми се гадиш… какво простачко размислување“ – се само дел од коментарите упатени кон Георгина.

 

View this post on Instagram

 

No existe palabra que defina este amor. It’s a boy! #petitfrere #grandesoeur Fotos: @hartemudo Organización : @wpmadrid

A post shared by EriKA Choperena (@eri_chope) on

Се вчитува...