Килијан Мбапе минатата седмица стана најмлад играч што постигнал четири гола на еден меч во францускиот шампиоонат, а суперталентираниот голгетер синоќа испиша историја и кога станува збор за настапите за францускиот национален тим.
Асот на ПСЖ ја спаси Франција од бламажа на домашен терен против Исланд, влегувајќи на терен при негатива од 0-2, изнудувајќи автогол, а потоа од пенал израмнувајќи го резултатот на овој пријателски натпревар. Со тоа, Мбапе стана прв играч во историјата на „триколорите“ кој пред да наполни 20 години веќе има постигнато десет погодоци за националниот тим.
„Тој нема да престане да изненадува во блиска иднина, бидејќи е толку брз и непредвидлив, а и самиот сака се повеќе и повеќе да напредува. Она што ме импресионира најмногу е начинот на кој ги става своите квалитети во служба на тимот“ – истакна францускиот капитен Хуго Љорис.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА