Дербито меѓу Вардар и Шкендија, натпревар од висок ризик

Дербито меѓу Вардар и Шкендија кое ќе се игра в недела со почеток од 14:30 часот на стадионот „Борис Трајковски“ во Маџари, е прогласено за натпревар од висок ризик, поради што за него ќе важат посебни безбедносни мерки.

Како што информираат од ФК Вардар, вратите од стадионот ќе бидат отворени во 13:30 часот, и ќе бидат затворени во 14:20 часот, односно десет минути пред почетокот на натпреварот.

„Со оглед на високоризичноста на мечот, и за овој натпревар ќе важи забраната за гостински навивачи и симпатизери. На истите нема да им биде дозволен влез на трибините на стадионот. При секое купување на билет, задолжително се покажува документ за лична идентификација. Билетот чини 100 денари. Забрането ќе биде внесување на секаков вид пиротехнички средства, тврди предмети, затоа апелираме до публиката да не носи на стадионот ваков вид на предмети, затоа што ќе им бидат одземени при самиот влез. На крајот апелираме до сите симпатизери за фер и коректно однесување и навивање на трибините. Да покажеме спортска почит и да докажеме дека Вардар заслужено полека се враќа онаму каде што му е местото – на врвот на табелата“ – велат од ФК Вардар.

Се вчитува...