Нејмар повеќе не е во врска со убавицата Бруна Маркезине, со која бразилскиот ас беше заедно уште од 2012 година. Двајцата последен пат беа забележани заедно во јавноста на почетокот од овој месец во Дизниленд во близина на Париз, за денеска самата Бруна да ги потврди гласините дека повеќе не е во врска со фудбалската суперѕвезда.
„Веќе не сме заедно. Таа одлука беше донесена од него, но се уште имаме голема почит и љубов, за сето време минато заедно. Знаете дека јас вообичаено не говорам за приватниот живот, затоа ова ќе го кажам само еднаш – јас и Нејмар веќе не сме заедно“ – изјави Бруна, која се наоѓа во Бразил додека Нејмар е во Париз и се подготвува за следните предизвици со ПСЖ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА