ВИДЕО: Стјепановиќ и Стевиќ за победнички старт на Тасевски на клупата на Работнички

Жикица Тасевски на најдобар можен начин стартуваше на клупата на Работнички во домашниот шампионат.

Во првиот свој натпревар по враќањето како тренер на „романтичарите“, Тасевски стигна до триумф од 0-2 на тешкото гостување против Ренова во Тетова. Работнички дојде до водство со голот од пенал на Остоја Стјепановиќ во 26. минута, а конечните 0-2 ги постави Стевиќ по одличната акција на Петковски и Пеев во 90. минута од средбата….

Се вчитува...