Роналдо е кралот на Инстаграм

Кристијано Роналдо е личноста со најмногу следбеници на Инстаграм во светот. Неговата бројка на следачи е неверојатни 144.476.715.

Со ова Португалецот ја надмина мегапопуларната американска пејачка и актерка Селена Гомез која првото место го држеше две години. Бројките на Роналдо на оваа социјална мрежа драстично се зголемија последнава седмица откако излезе интервјуто на „France Football“.

Португалскиот ас, кој изминатото лето направи трансфер од Реал Мадрид во Јувентус, во 2018 година е на десеттото место најплатени славни личности во светот. Меѓу спортистите е на третата позиција. Неговата вкупна заработка е 108 милиони евра, од кои 61 милион се од плати и бонуси, додека 47 милиони се од реклами и од маркетиншки кампањи.

Се вчитува...