Актуелниот првак Шкендија оствари триумф (0-2) на гости против Беласица и ја продолжи потерата по лидерот Вардар. Тоа е трета победа во низа за тетовскиот тим, што како одличен момент го потенцира и тренерот Ќатип Османи.
„Три победи по ред, тоа е добар знак за Шкендија. Тоа ја зголемува самодовербата и ни дава уште поголема мотивација да продолжиме во ист ритам и на следните мечеви. Мислам дека мечот го добивме на искуство, успеавме да го отвориме резултатот, а потоа знаевме да ја контролираме играта. По црвениот картон за домаќините, имавме шанси и за поубедлив триумф“, изјави Ќатип Османи.
По 12 одиграни кола, Шкендија е второпласирана на табелата со 27 бода, два помалку од лидерот Вардар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

