Тасевски: Со вистински приод, доаѓаат и победите

Работнички оствари значаен триумф над Победа (3-1) во 12.коло од Првата фудбалска лига. Tренерот Жикица Тасевски е многу позадоволен од односот кон играта, во споредба со претходниот меч против Силекс во Кратово.

„Работнички е клуб со големо реноме и фудбалерите мора да се однесуваат кон дресот со должно внимание. Имаше критики токму за тој однос на претходниот меч со Силекс во Кратово. Сега фудбалерите покажаа одговорност во играта, залагањето беше максимално и тоа веднаш даде резултат. Очекувам во ист стил да продолжиме и на следниот натпревар против Академија Пандев“, изјави шефот на стручниот штаб, Жикица Тасевски, за официјалниот сајт на клубот.

В недела, со почеток во 13.30 часот, Работнички ќе гостува во Турново, каде ќе ги одмери силите со тимот на Академија Пандев во рамките на 13.коло од Првата лига.

Се вчитува...