Роналдињо се соочува со огромни финансиски проблеми откако бразилскиот суд донесе одлука да биде одземен пасошот на поранешниот фудбалер поради опасност од бегство, по големите долгови кон банките во оваа земја.
Имено, вкупниот долг на Роналдињо ја надминува сумата од два милиони долари, а банките ги алармирале властите откако преку централниот систем било утврдено дека поранешниот ас на Барселона на своите сметки има нешто повеќе од пет долари.
Бразилецот е свесен за проблемот и се обидел да го реши земајќи хипотекарен кредит, но и тој не бил доволен за да се покријат неговите „минуси“ по банкарските сметки. Роналдињо во последните неколку седмици снимаше реклами во Кина и Јапонија и за очекување е тие заработки да бидат искористени за исплата на долгот, а веднаш по враќањето во Бразил тој ќе остане без пасош, па нема да може и преку вакви „тезги“ да заработува додека не ги врати сите пари што ги должи кон банките.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА