Георгина Родригез веќе пробувала венчален фустан тврди најтиражниот протугалски весник „Корео да Мања“. Двојката е забележана со идентични Картие прстени на патувањето во Лондон. Роналдо и Георгина веќе подолго живеаат заедно и ја имаат едногодишната ќерка Мартина.
„Роналдо ја побарал Гео, свадба ќе има, но детали знаат многу малку луѓе. Таа веќе пробува венчални фустани“ – тврди неименуван извор за весникот.
Португалецот и шпанската убавица се запознаа во 2016 година во продавница на Гучи каде што работеше Георгина. Таа е неговата најголема поддршка околу скандалот со обвинувањата за силување.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА