Ибраими и Жуниор успешно оперирани

Македонскиот првак Шкендија до крајот на есенската полусезона ќе биде без помошта на двајцата напаѓачи, Бесарт Ибраими и Стенио Жуниор. Тие се успешно оперирани и за нив почнува периодот на рехабилитација.

Ибраими се очекува да паузира подолг период откако го оперираше лигаментот на коленото, додека Стенио Жуниор мораше да замине „под нож“ поради санирање на повредата на менискусот. Подолг период надвор од тренажен процес е и Марјан Радески, кој се опоравува од вкрстени лигаменти на коленото.

Се вчитува...