Вардар ќе го пречека Работнички на стадионот „Борис Трајковски“ во Маџари, во најинтересниот меч од утрешното 15.коло во Првата фудбалска лига. Тренерот Жикица Тасевски вели дека „романтичарите“ максимално го респектираат градскиот ривал, но и посакуваат триумф.
„Вардар е најголемиот бренд во македонскиот фудбал, клубот секогаш заслужува максимален респект, но исто така секогаш е и голема мотивација за противниците. Не се сомневам дека нашите фудбалери ќе имаат огромен мотив за игра. Ќе биде тежок дуел, со оглед и на временските услови, но подготвени сме за предизвикот и одиме да освоиме бодови“, изјави стратегот на Работнички за официјалниот сајт на клубот.
По 14 одиграни кола, Вардар се наоѓа на втората позиција на табелата со 28 бода, додека Работнички е шести, со 17 бода.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

