РЕЗУЛТАТИ ВО ЖИВО… ПРВА ЛИГА, 15. КОЛО
Скопје: ВАРДАР – РАБОТНИЧКИ (0-1)
Пеев 57′
Тетово: ШКЕНДИЈА – СИЛЕКС (5-0)
Нафиу 25′, Емини 28′, 64′, Шефити 69′, Фазли 88′
Струмица: БЕЛАСИЦА – РЕНОВА (3-1)
Ивановски 9′, Балдовалиев 80′(п), Георгиев 92′ – Мишковски 45′
Скопје: МАКЕДОНИЈА ЃП – ШКУПИ (2-2)
Божиновски 15′(п), Да Силва 87′ – Ангелов 19′, Сухељ 24′
Турново: АК. ПАНДЕВ – ПОБЕДА (2-1)
Пандев 26′, Исаевски 87′(аг) – Макота Јаник 30′
======================================================================================
- Крај и на натпреварот во Маџари. Победа на Работнички против Вардар!
- Крај на натпреварот и во Ѓорче Петров. Македонија ЃП ремизираше со Шкупи (2-2)
- Крај на натпреварите во Тетово, Струмица и Турново
МАКЕДОНИЈА ЃП – ШКУПИ (2-2)
2-2 – 87′ – ГООООЛ ЗА МАКЕДОНИЈА ЃП. Бразилецот Робсон Да Силва израмнува за „лавовите“
БЕЛАСИЦА – РЕНОВА (3-1)
3-1 – 92′ – ГООООЛ ЗА БЕЛАСИЦА. Пепи Георгиев стрела за Беласица за двојна предност
ШКЕНДИЈА – СИЛЕКС (5-0)
5-0 – 88′ – ГООООООЛ за Шкендија. Самир Фазли со удар со глава ја смести топката на вистинското место
АК. ПАНДЕВ – ПОБЕДА (2-1)
2-1 – 87′ – ГООООЛ ЗА АК. ПАНДЕВ. По нафрлувањето од десната страна пред голот на гостите, неспретна реакција на Исаевски кој од неколку метри си постигнува автогол
ВАРДАР – РАБОТНИЧКИ (0-1)
76′ – Лира се обидува со шут од 20 метри, но за малку покрај левиот дирек од голот на Работнички
БЕЛАСИЦА – РЕНОВА (2-1)
2-1 – 80′ – ГОООООЛ ЗА БЕЛАСИЦА. Зоран Балдовалиев прецизно стрела од пенал за водство на струмичани
БЕЛАСИЦА – РЕНОВА (1-1)
!!! – 78′ – Ренова остана со фудбалер помалку на теренот по директниот црвен картон кој го доби стрелецот на голот, Ненад Мишковски по соборувањето на противнички фудбалер во шеснаесетникот
ШКЕНДИЈА – СИЛЕКС (4-0)
4-0 – 69′ – ГОООООЛ за Шкендија, Шефит Шефити. Младиот фудбалер се одлучи за удар од 25 метри и погоди во долниот лев агол.

ШКЕНДИЈА – СИЛЕКС (3-0)
3-0 – 64′ – ГОООООЛ за Шкендија. Изаир Емини со удар од 12 метри го совлада противничкиот голман
ВАРДАР – РАБОТНИЧКИ (0-1)
0-1 – 57′ – ГОООООЛ ЗА РАБОТНИЧКИ. Оливер Пеев доби одлична топка од Бопесу на вториот дирек и од непосредна близина носи водство за Работнички

- Почеток на вториот дел од натпреварите во 15. коло од ПМФЛ
КРАЈ НА ПРВОТО ПОЛУВРЕМЕ…
БЕЛАСИЦА – РЕНОВА (1-1)
1-1 – 45′ – ГОООООЛ ЗА РЕНОВА. Ненад Мишковски погодува за Ренова, за израмнување во Струмица
ВАРДАР – РАБОТНИЧКИ (0-0)
37′ – Голема шанса за Вардар. Брдаровски се најде во одлична позиција, шутираше од десеттина метри откосо но Божиновски со извонредна интервенција спречува водство на домашните
ВАРДАР – РАБОТНИЧКИ (0-0)
32′ – Шут на Пеев од 16 метри, но блокиран неговиот удар

ШКЕНДИЈА – СИЛЕКС (2-0)
1-0 – 28′ – ГООООЛ ЗА ШКЕНДИЈА. Фазли шутираше кон голот на Силекс, голманот Стефановиќ ја одби топката, а Емини од непосредна близина погоди во празната мрежа.
АК. ПАНДЕВ – ПОБЕДА (1-1)
1-1- 30′ – ГООООЛ ЗА ПОБЕДА. По брз контранапад на гостите Макота Јаник го израмнува резултатот во Турново
АК. ПАНДЕВ – ПОБЕДА (1-0)
1-0 – 26′ – Одлично нафрлање од левата страна, а Сашко Пандев со глава од 7-8 метри носи предност за домашните
ШКЕНДИЈА – СИЛЕКС (1-0)
1-0 – 25′ – ГООООЛ за Шкендија, 1-0. Валмир Нафиу. По корнерот од левата страна, топката дојде на вториот дирек, а Нафиу добро се снајде и успеа да ја спроведе во мрежата

МАКЕДОНИЈА ЃП – ШКУПИ (1-2)
1-2 – 24′ – ГООООЛ ЗА ШКУПИ. Мухарем Сухељ носи водство за Шкупи
ВАРДАР – РАБОТНИЧКИ (0-0)
20′ – Без посериозни возбудувања на дербито во Маџари….

МАКЕДОНИЈА ЃП – ШКУПИ (1-1)
1-1 – 19′ – ГООООЛ ЗА ШКУПИ. Виктор Ангелов по само четири минути игра израмнува на стадионот во Ѓорче Петров
МАКЕДОНИЈА ЃП – ШКУПИ (1-0)
1-0 – 15′ – ГОООООЛ ЗА МАКЕДОНИЈА ЃП. Капитенот Боби Божиновски стрела од белата точка за водство на „лавовите“
АК. ПАНДЕВ – ПОБЕДА (0-0)
16′ – Одлична шанса за Победа. Трајче Ефремов сам пред голот на домашните по левата страна, шутира од 15 метри но лесен плен за голманот на Академија Пандев
ШКЕНДИЈА – СИЛЕКС (0-0)
7′ – Дурански шутира од 16 метри, крај голот на Шкендија
БЕЛАСИЦА – РЕНОВА (1-0)
1-0 – 9′ – ГООООЛ ЗА БЕЛАСИЦА. Филип Ивановски ги носи струмичани до водство на дуелот против „гипсарите“
ПОЧЕТОК НА НАТПРЕВАРИТЕ ОД 15. КОЛО ВО ПМФЛ….
- Познати составите за дерби пресметката меѓу Вардар и Работнички на стадионот „Борис Трајковски“ во Маџари. Вардар на мегдан и без стоперот Евгениј Новак, откако од поодамна надвор од клубот се Барсегјан и Максимов…

======================================================================================
Во 15. коло од новата сезона 2018/2019 во македонската Прва лига… Дербито се игра во Маџари каде Вардар го пречекува Работнички. Шкендија во трка по бодови против Силекс во Тетово.
Сите најнови случувања, шанси и голови од денешните средби ќе можете да ги следите во живо на ЕКИПА.МК.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

