Работнички зема залет со триумфот над Вардар во минатото коло и сака да го завери со нова победа против Македонија ЃП, во рамките на 16.коло од Првата фудбалска лига. Тренерот Жикица Тасевски смета дека ова е многу важен меч за неговиот тим, и посакува три бода.
„Остваривме голема победа во дербито со Вардар. На такви натпревари, бодовите се најважни, а ние успеавме да стигнеме до нив со голема борба и максимална тактичка дисциплина во текот на целиот натпревар. Тимот се издигна на посакуваното ниво, но сега е уште поважно да го задржиме истиот ритам и против Македонија ЃП. Работнички мора да игра добро и да победува во континуитет“, вели шефот на стручниот штаб, Жикица Тасевски.
Шкупи освои бод во Ѓорче Петров во минатото коло, и тоа треба да биде позитивен импулс за тимот од Чаир да атакува на победа на денешниот меч против Беласица на домашен терен. Така смета и Бесир Рамадани.
„Задоволен сум од последниот натпревар , бидејќи се враќам во екипата после осум натпревар. Секогаш сум подготвен да дадам се од себе, и да ја помагам екипата, како од резервната клупа, така и кога ќе добијам шанса меѓу стартерите. Против Македонија ЃП остваривме позитивен резултат, и не делеа минути до првата победа на гостински терен. Мислам дека ова е почеток на позитивните резултати на Шкупи. За претстојниот натпревар со Беласица, се надевам дека ќе прикажеме истата игра како против Вардар, и ќе се радуваме заедно со навивачите на нова победа и нови три бода“, вели фудбалерот на Шкупи, Бесир Рамадани.
ДВОЈКИ – 16. КОЛО (денеска, 13 ч.)
Кратово: СИЛЕКС – ВАРДАР
Тетово: РЕНОВА – АК. ПАНДЕВ
Турново: ПОБЕДА – ШКЕНДИЈА
Скопје: РАБОТНИЧКИ – МАКЕДОНИЈА ЃП
Скопје: ШКУПИ – БЕЛАСИЦА
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА


