Шкупи успеа да се издвои од последните позиции на табелата во Првата македонска фудбалска лига благодарение на победата од 1-0 против Беласица со гол во последните секунди од средбата.
Ерупција на стадионот во Чаир предизвика Тони Типуриќ кој одлично погоди со глава во 93. минута за повеќе од значајни три бода на Шкупи.
Со овие три бода, Шкупи сега со 19 бода од 16 кола е на шесттата позиција на табелата, оставајќи ги зад себе Победа, Македонија ЃП, Беласица и Силекс.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

