Две голмански грешки пресудија за ремито (1-1) меѓу Ренова и Академија Пандев во Тетово во 16. коло од Првата македонска фудбалска лига.
Најпрво гостите дојдоа до предност со голот Стефан Костов во 27. минута директно од слободен удар, но само благодарение на катастрофалниот кикс на домашниот голман Матија Кобетиќ.
А, за да не е осамен Кобетиќ, на спротивната страна му возврати чуварот на мрежата на Академија Пандев, Душан Чубраковиќ кој неспретно реагираше во голема мера помагајќи Влатко Стојановски во 39. минута да го запише својот 11-ти гол во шампионатот и да се израмни на врвот од листата на стрелците со Бесарт Ибраими.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

