Хрватскиот репрезентативец Домагој Павловиќ кој во вторниот го скрши скочниот зглобот на мечот меѓу неговиот Мелсунген и Кил, успешно е опериран и се опоравува во Германија. На Павловиќ му претстојат три месеци пауза и тој дефинитивно го пропушта настапот на претстојното СП во Германија и Данска за селекцијата на Хрватска која е еден од противниците на Македонија во групата Б во Минхен во која се уште и Шпанија, Исланд, Јапонија и на Бахреин.
Хрватскиот бек нема среќа кога се повредите во прашње. Ова му е четврта потешка повреда која според првичните проценки можеше да биде фатална за неговата кариера. Во сплет на околности Павловиќ се повреди токму во дуел со својот пријател и репрезентативен колега, Домагој Дувњак кој е и капитен на хрватската репрезентација.
„За жал се навикнав на тоа за репрезентацијата да навивам пред малите екрани, така ќе биде и сега за СП. Бев опериран во Кил и Домагој Дувљак стално ми е во посета. На Дуле му е многу тешко затоа што се повредив во тој дуел, но се разбира дека тиј не е ништо виновен за тоа. Едноставно, се случи. Многу му е тешко поради сето тоа, но тука е покрај мене во болница и тој ми е голема поддршка“ – изјави Павловиќ за хрватските медиуми.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА