Војдан: Пелистер е опасен, но МЗТ сака ново финале

МЗТ Скопје со предност од 1-0 патува на денешниот реванш во Битола против Пелистер, со оптимизам дека може да се стигне до посакуваната победа што ќе значи и билет за големото финале во плејофот.

„Металците“ славеа по голема борба на првиот полуфинален меч, имаат 3-1 во досегашните четири овосезонски средби со „пелистерци“, па со зголемена самодоверба ќе излезат на терен против незгодниот ривал.

„Свесни сме дека не очекува тешко гостување во Битола. Противникот е мотивиран, но исто така е и во ситуација да мора да победи, што го прави уште поопасен. Сепак, како и многу пати досега, така и на овој меч се ќе зависи од нас и од нашата игра. Сигурен сум дека ќе дадеме се од себе и дека со добра енергија и со цврста одбрана ќе дојдеме до посакуваната победа, која ќе значи пласман во ново финале“, изјави Војдан Стојановски во пресрет на денешниот дуел во Битола.

Натпреварот меѓу Пелистер и МЗТ Скопје почнува во 18 часот во салата „Боро Чурлевски“.

Се вчитува...