Ракометарите на Металург претрпеа уште еден пораз, овој пат на гостувањето во Нови Сад кај Војводиа со во 9.коло од регионалната СЕХА лига. За „металурзи“ ова е седми пораз во регионалното натпреварување сезонава со кој остануваат на претпоследното место на табелата. Избраниците на Данило Брестовац во еден момент имаа и седум гола предност, но одиграа променливо во вториот дел и на крај останаа со празни раце и на овој дуел. Повредата на Томислав Јагуриновски му донесе нови главоболки на Брестовац на десната бековска позиција на која поради повреда на подолг рок е отсутен и Мартин Велковски.
По првите десет минути, Металуг имаше водство од 4-6. „Металурзи“ играа сигурно во одбраната и со серија од 4-0 ја заголемија позитивата на +7 поведувајќи со 8-15 со погодокот на Димитар Димитриоски на девет минути пред крај на првиот дел. Но, не издржаа во тој ритам и во наредните минути им дозволија на домаќините да ја стопат предноста и да се вратат во игра намалувајќи на 15-17 на крајот од полувремето.
На почетокопт од второто полувреме, Војводина ги засили темпото и успеа да изедначи на 20-20, а на сатртот од последната четвртина и да го преземе водството со третиот погодок на Страхиња Станковиќ за 24-23.
Металург се обиде да се врати во игра и со два гола во серија дојде до ново изедначување на 26-26 за нова неизвесност во завршните десет минути. По прецизно реализираната акција Миличевиќ беше проигран на линијата и му донесе ново водство на македонскиот вицешампион со 27-28. Но, „металурзи“ не успеја да се одлепат, ни да го сочуваат минималното водство.
Во игра гол за гол во финишот Војводина одново дојде до минимална предност, но остана со играч помалчку во завршните две минути по исклучувањето на Јовица Николиќ . Шпенде не искористи седмерец за изедначување, но грешката во вториот обид ја исправи Пучник и погоди за 30-30 на неполни две минути до крај. Но, потоа исклучување заработе и Пучник на спротивната страна, а Војводина го искористи последниот напад и поведе со 31-30. На Металург му останаа 20 секунди да дојдат до реми но ударот на Маџовски заврши во стативата и тука беше крајот на овој меч.
Александар Шпенде со седум и Димитар Димитриоски со пет гола беа најефикасни во составот на Металург, а кај Војводина листата на стрелците ја предводеше Милош Грозданиќ со осум гола.
Во следниот натпревар во СЕХА лигата, Металург на 5 декември ќе му биде домаќин на Вардар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА