ЕКИПА во Минхен,
Стеван Цаневски
Исланд по двата стартни порази во групата Б денеска стигна до првата победа, откако без никакви проблеми го декласираше составот на Бахреин со преубедливи 36-18, постигнувајќи двојно повеќе погодоци од азискиот вицешампион.
Исланѓаните го контролираа резултатот од самиот почеток, а по неполни десет минути игра Бахреин остана без стартниот десен бек Хабиб, поради удирање во глава на исландскиот голман при изведување на седмерец. Како што одминуваше времето, така и предноста на Исланд се зголемуваше, на одмор се замина со предност од 16-10, а веќе во стартната фаза од второто полувреме позитивата стана двоцифрена (21-11).
Избраниците на селекторот Гудмундсон не запреа со налетите, дополнително зголемувајќи ја предноста до конечните 36-18. Гунарсон со осум гола беше прв стрелец на победничката селекција, додека Мерза беше најефикасен во редовите на Бахреин со пет постигнати погодоци.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА