Историја за Крива Паланка – Нови шампионки на Македонија (ФОТО)

Кошаркарките на Крива Паланка испиша историја за себе и за својот клуб, за првпат освојувајќи го шампионскиот пехар во Шпаркасе Суперлигата на Македонија.

Во четвртиот меч од финалната серија, Крива Паланка вечерва во салата „Независна Македонија“ во Скопје славеше против Бадел 1862 со 73-75 (16-30, 16-12, 23-13, 18-20), за конечни 3-1 во финалето на плеј-офот.

Вистинска драма се случуваше на теренот. Гостинките цело време го контролираа резултатот, постојано одржувајќи предност, но домашниот тим успеа во самиот финиш да дојде до 73-74 со поените Ива Чолакоска.

Сепак, немаше време и за нешто повеќе, па Робинсон во последната секунда од линијата за слободни фрлања погоди за конечни 73-75.

Аби Ниехус – МВП на финалната серија

Кошаркарката на Крива Паланка, Аби Ниехуес го доби најголемото индивидуално признане во оваа финална серија од плеј-офот која го даде новиот шампион.

Беше прогласена за најкорисен играч во финалата серија, Апсолутно заслужено ако се земат в предвид не само оние статистички податоци, туку многу повеќе придонесот кој го даде во реализацијата на планираните цели на клубот од Крива Паланка.

И во последниот, и решавачки натпревар американското крило имаше одлични бројки.

На теренот остана скоро 35.минути во кои дојде до ефект изразен со реализација на 22.поени (7/13 во обидите за два поени и 8/10 од линијата за слободни фрлања).

Но имаше и дури 17.скока (седум офанзивни), и три блокади пред да ја направи петтата лична грешка, И да дојде до индекс 32, најмногу од сите кошаркарки кои беа вечерва на теренот во финалниот меч од сезоната.

На другата страна Фримен заврши со 28 поени и 9 скока, додека Клири запиша 16 поени и 17 скока.

Се вчитува...