ЕКИПА во Минхен,
Стеван Цаневски
Шпанскиот селектор Жорди Рибера се соочува со проблем во пресрет на натпреварот со Македонија откако еден стандарден првотимец се пожалил на повреда пред пресметката со нашиот национален тим. Станува збор за Дани Сармиенто, кој вообичаено е прв среден бек на „црвената фурија“, а за кого постои сериозна опасност да не настапи против Македонија.
Имено, Сармиенто по вчерашниот тренинг се пожалил на болка во пределот на вратот, по што физиотерапетвите на шпанскиот национален тим имале полни раце работа.
Во ситуација кога за 24 часа Шпанците ги очекува клучниот меч во групата против Хрватска, селекторот Рибера сериозно размислува да не ризикува со Сармиенто, кој сигурно нема да бие 100% подготвен за настап. Во тој случај поголема минутажа на среден бек би добил поранешниот „вардарец“ Жоан Канелјас.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА