Никола Карабатиќ од денеска и официјално е дел од составот на Франција за СП 2019, откако „триколорите“ решија големиот ас да го замени Седрик Сораиндо како адут на селекторот Динар во одбрана на мундијалското злато освоено пред две годинни на домашен терен.
Бекот на ПСЖ пристигна во Берлин уште пред неколку дена, од трибините го следеше синоќешниот натпревар против Германија, за по повредата на Сораиндо да биде одлучено токму Карабатиќ да биде првата измена на „триколорите“ на овој Мундијал.
Никола Карабатиќ неодамна изјави дека не е 100% подготвен, но дека би можел да помогне петнаесетина минути за Франција да се задржи на тронот на светскиот ракомет.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА