ЕКИПА во Минхен,
Стеван Цаневски
Хрватска го газеше Бахреин на теренот од „Олимпија хале“, а Златко Хорват беше резерва против аутсајдерот во групата. Крилниот ракометар си имаше друга мака откако мораше да „претрча“ до тоалет, а второто полувреме веќе беше почнато.
За такви работи нема чекање, па со помош на еден волонтер Хрватот беше донесен до најблискиот може тоалет во салата – а тоа беше тоалетот за претставниците на медиумите. Како и да е по повикот на природата, „работата беше завршена“…, па побрза да се врати на клупата дури некој не забележал дека го нема….
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА