Стратегот на Шкендија, Ќатип Османи, има причина за задоволство откако неговиот тим славеше рутински со 0-3 на гостувањето против Силекс.
„Ми се допадна што денеска видов агресивна, воинствена Шкендија. Кога ќе играме на таков начин, победата е неизбежна. Што се однесува до натпреварот, доминиравме 90 минути, дадовме три гола и имавме уште неколку шанси што останаа неискористена. Имавме мали падови во концентрацијата поради кои Силекс создаде шанси, но севкупно гледано задоволен сум од победата“ – изјави Османи.
Шкендија е голем фаворит и на наредниот натпревар од Првата лига, в недела на домашен терен против „фенерџијата“ Победа.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

