Вака се почитуваат легендите: Мајнц на својот стадион издвои посебен дел за Николче Новески (ФОТО)

Германски Мајнц уште еднаш потврди како се почитува делото на своите легенди во клубот.

Бундеслигашот објави дека еден цел дел од својот стадион е посветен на една од најголемите легенди на клубот и долгогодишен капитен, поранешниот македонски репрезентативец Николче Новески.

Новески остави силна трага во Мајнц настапувајќи од 2004 до 2015 година, а притоа одигрувајќи 315 официјални натпревари со 12 постигнати голови. Притоа и поголемиот дел од нив со капитенската лента на раката…

„Легенда“ – напишаа од Мајнц на социјалните мрежи со објава на графитите на својот стадион посветени на Николче Новески.

Се вчитува...