Сан Антонио и Денвер ќе играат мајсторка во серијата од првата рунда во плеј-офот откако „спарс“, на домашен паркет го добија натпреварот број шест со 120- 103 и израмнија на 3-3 во победи.
Никола Јокиќ постигна 43 поени, но и тоа не беше доволно неговиот тим по една деценија чекање да обезбеди конференциско полуфинале. Следниот натпревар е утревечер, а преднсота на домашен терен ќе ја има Денвер кој беше подоброплсиран по регуларниот дел од сезоната.
Јокиќ постиви клупски рекорд по бројот на поени во плеј-оф натпревар, имаше и 12 асистенции. Ламаркус Олдриџ со 26 поени и 10 асистенции и Демар Дерозен со 25 поени беа клучни во победата на Сан Антонио.
Победникот од оваа серија во полуфиналето на Западната конференција ќе се сретне со Портланд кој со 4-1 во победи ја заврши серијата против Оклахома. На Запад треба да биде формирана и втората полуфинална двојка, Хјустон го чека победникот од дуелот меѓу Голден Стејт и ЛА Клиперс во кој е 3-2 за шампионот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА