Никола Јокиќ игра одлична сезона во дресот на Денвер, а особено ја потврдува кошаркарската големина во дуелите од разигрувањето каде беше клучен за пласманот во полуфиналето од Западната конференција и елиминацијата на Сан Антонио.
Јокиќ во седумте дуели од првото коло има просек од 23,1 поени, 12,1 скока и 9,1 асистенции, а во мајсторката имаше трипл-дабл учинок и заедно со Џамал Мареј најмногу придонесе за пласманот во полуфиналната серија против Портланд.
„Не сум само јас изморен. Заморот, болките, модринките, се е тоа дел од работата и низ тоа мора да се помине и да се игра. Особено во вака важни натпревари како што е седмиот дуел во серијата, едноставно мораш да го направиш тоа што треба“ – изјави Јокиќ по пласманот во полуфиналето.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА