Денвер поведе со 1-0 во победи во западното полуфинале против Портланд, откако Никола Јокиќ уште еднаш блесна и го предводеше својот тим до почетен триумф од 121-113. Српскиот центар беше незапирлив за гостинските кошаркари, максимално користејќи го неиграњето на Нуркиќ за доминација во рекетот. Јокиќ го заврши натпреварот со 37 поени, 9 скокови, 6 асистенции, три украдени топки и две блокади, а одлична помош имаше од Џамал Мареј, кој реализираше 23 поени и осум асистенции.
На спротивната страна, Лилард одигра уште еден одличен натпревар за Портланд и беше најефикасен на теренот со 39 поени, сепак премалку за да се дојде до почетна предност во оваа плеј-оф серија.
Филаделфија славеше на вториот натпревар во Торонто со 89-94, израмнувајќи на 1-1 во ова полуфинале на Источната конференција. „Рептилите“ од Канада се вратија од „минус 19“ и во третата четвртина стигнаа до само еден поен разлика, но немаа сили за целосен пресврт. Џими Батлер беше во главна улога постигнувајќи 30 поени за победничкиот тим, додека Ленард и неговите 35 поени за Торонто сепак беа недоволни за нов триумф на „рептилите“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА