Милсап: Јокиќ е нашиот Том Брејди

Никола Јокиќ добива комплименти од сите страни по извонредните игри во изминатата седмица, откако најпрвин стигна до трипл-дабл во мајсторката со Сан Антонио, за синоќа со 39 поени да го предводи Денвер во стартна победа во серијата против Портланд.

За значењето на српскиот центар за играта на Денвер најдобро говори коментарот на неговиот соиграч Пол Милсап, кој го споредува Јокиќ со најдобриот квотербек во НФЛ-лигата, легендарниот Том Брејди.

„Јокиќ не греши во одлуките, знае кога треба да шутне од далечина, да асистира, или само да направи блок. Начинот на кој игра, на само 24 години, тоа е нешто неверојатно. Тој е како „сунѓер“, впива се што ќе види и потоа ја носи вистинската одлука. Знае да ја прочита ситуацијата како ретко кој спортист, би рекол дека тој е нашиот Том Брејди, искрено мислам дека ваквата споредба е апсолутно заслуженa“ – истакна Милсап.

Се вчитува...