Кочов: Играчите се издигнаа над проблемите и покажаа карактер

МЗТ Скопје Аеродром доби своевидна рехабилитација за полуфиналниот пораз во Купот на Македонија од градискиот ривал, но и за неуспешниот бараж за АБА лигата со убедливата победа над Работнички во дуелот од 5. коло во Супер лигата.

Тренерот на МЗТ, Ѓорѓи Кочов неколкупати по натпреварот ги потенцираше проблемите со кои се соочува неговиот тим, но смета дека победата е заслужена, поради карактерот кој го покажале играчите како и квалтиетната одбрана.

„Значајана победа за нас. Се соочувамве со многу проблеми. Имавме екстра сезона во АБА 2 каде на две топки изгубивме два пехара. Таков е спортот, таков е животот, се направи голема тензија околу нас. Ме радува што играчите и покрај сите проблеми со кои се соочуваме покажаа карактер и победија. Денеска бевме подобар противник. Игравме добра одбрана, имаше енергија, денеска имаа желба да се докажат и да се издигнат над сите проблеми“ – вели предводникот на МЗТ..

Кочов смета дека Работнички ќе биде главниот ривал на МЗТ во битката за првентвената титула.

„Работнички е екстра екипа  и сигурен сум дека ке играат далку подобро од ова и мислам дека се главен конкурент за пехарот“ – заврши Кочов.

МЗТ сега има две победи повеќе и два бода повеќе од Рабтнички и е осамен на врвот на првнествената табела. Овие ривали повторно ќе играат во завршното 10.коло од Супер-лигата.

Се вчитува...