Блокотехна целосно го надигра Гостивар, доминираше резултатски од почеток до крај, но домашниот тим очигледно го немаше преболено ниту поразот во Купот на Македонија, па вечерашниот меч мина во вжештена атмосфера. Најдебелиот крај го извлече гостинскиот кошаркар Стефан Глигоријевиќ, кој настрада по еден брутален прекршок на Фурстингер и заработи скршеница на носот.
Целиот натпревар мина во напната атмосфера, а гостиварци на трибината зад клупите на двата тима закачија и транспарент со навреди кон гостинскиот тим.
„Не ја гледаме причината за ваквиот однос и воопшто не сакаме да коментираме за истиот и да влегуваме во конфликти. И покрај сета негативна енергија што подолго време ја насочуваат кон нашиот клуб, ние на сите во Гостивар им посакуваме се најдобро“ – реагираат од КК Блокотехна.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА