МЗТ Скопје Аеродром беше убедлив на домашен терен против Куманово и славеше со 92-57, остварувајќи го 24. триумф во шампионатот. Тимот на Ѓорѓи Кочов беше доминантен, а веќе по вториот период кој го доби со 23-7 создаде голема разлика во однос на ривалот. „Металците“ на полувреме заминаа со предност од 22 поени (47-25).
МЗТ продолжи со одлична игра и по одморот и на крајот оствари убедлива победа. Андреј Магдевски поатигна 17 поени, Предраг Самарџиски уфрли еден поен помалку, а Љубомир Младеновски беше стрелец на 12 кошеви. Адем Мекиќ и Бранислав Ѓекиќ постигнаа по 16 поени во составот на Куманово.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

