Ламар Одом: Користев „лажен пенис“ за да го минам допинг-тестот пред ОИ во Атина

Ламар Одом повторно се најде во центарот на вниманието на кошаркарската јавност откако во својата книга „Темнина до светлината“ обелодени како успеал да изврши измама при допинг-тестот во пресрет на ОИ во Атина во 2004 година, користејќи лажен пенис при тестирањето.

„Бев пресреќен кога дознав дека сум избран да бидам дел од дрим-тимот. А потоа шок – откако ми беше кажано дека ќе морам да минам допинг-тест пред да настапувам на Олимписките Игри. Знаев дека нема никаква шанса да го минам тој тест бидејќи цело лето пушев „трева“, па морав да барам решение. Слушнав за „лажни пениси“, ја минав ноќта со пријателите пребарувајќи по интернет и на крајот го нарачав она што го посакував“ – открива Одом.

Потоа, поранешната НБА-ѕвезда открива и како детално течела измамата.

„Имав еден пријател што не се дрогираше и кој ми даде свој примерок од урината, што го складиравме во лажниот пенис. Поентата беше кога ќе заминам на тестирање, внимателно од гаќите да го извадам лажниот пенис, да го притиснам неколку пати на точно утврдено место за да истече урината од пријателот, чиста од било какви наркотици“ – дообјасни Ламар Одом.

Измамата очигледно успеа, бидејќи тој беше дел од дрим-тимот на Олимписките Игри во Атина, каде американскиот дрим-тим се посрамоти на резултатски план, освојувајќи го само третото место.

Се вчитува...