СЕХА-лигата во наредната сезона ќе се прошири до Украина, откако денеска беше официјализирано дека Мотор Запорожје ќе учествува во регионалното натпреварување. Украинците подолго време преговараа со раководството на СЕХА, за денеска да биде постигнат целосен договор.
„Се сретнавме претходно во Виена и ги договоривме сите детали. Ова е соработка од која двете страни имаат добивка, СЕХА добива уште еден тим што редовно учествува во ЛШ, а Мотор ќе има доволен број на квалитетни натпревари во нашата лига. Исто така, одлично се вклопува во нашата идеја за поделба на две групи од по шест екипи“ – изјави првиот човек на СЕХА, Михајло Михајловски.
Веспрем се врати назад во силното регионално натпреварување, во кое во следната сезона ќе дебитира и „Пекинг Спорт Универзитет“, состав од кинески ракометари кои ќе бидат под водство на хрватскиот стратег Владо Шола. Кинескиот клуб сите свои домашни натпревари ќе ги игра во Загреб.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА