Тите е разочаран што се зборува само за Нејмар

Селекторот на фудбалската репрезентација на Бразил, Тите е разочаран од фактот што пред почетокот на Копа Америка, повеќе се зборува за скандалот на Нејмар, отколку за селекцијата.

„Повеќе се зборува за него во медиумите, отколку ние во соблекувалната. Екипата е фокусирана на подготовките. Тешко е без него, бидејќи е меѓу тројцата најдобри фудбалери во светот, но што е тука е мораме да одиме понатаму“, изјави Тите. 

Бразил својот поход кон деветата титула на Копа Америка го почнува вечерва во 2:30 часот по полноќ со мечот против Боливија.

Се вчитува...