Раул: Мислам дека сум се занимавал со фудбал уште пред да се родам

Легендарниот шпански фудбалер Раул Гонзалез, ја заврши професионалната кариера, а во моментов работи во младинските школи на Реал Мадрид. Тој говореше за односот со својот татко, но и  смета дека со фудбал се има занимавано уште пред да се роди.

„Мислам дека секој татко сонува неговиот сит да стане фудбалер. Сепак, за разлика од татковците на моите другари, татко ми кој работеше како електричар, многу се занимаваше со мојот развој. Ми даваше „ветер во грб“ и никогаш не ми дозволи да се откажам. Сега кога ќе размислам, ми се чини дека фудбал сум играл уште пред да се родам“, изјави Раул. 

 

Се вчитува...