Директорот на Црвена Звезда, Звездан Терзиќ експресно му одговори на претседателот на Фудбалската федерација на Црна Гора, Дејан Савичевиќ. Терзиќ беше обвинет од Савичевиќ дека тој е виновен за притисокот кој го имал Тумбаковиќ пред мечот со Косово, демантирајќи ги сите изјави.
„Не го разбирам лудилото на Савичевиќ. Споменувањето на моето име, навивачите на Црвена Звезда, разните служби и власта во Србија, се што кажа е лага. Ставот на тие што не сакаа да искочат на натпреварот против Косово е став наменет за таа земја, не за Црна Гора. Не ми е јасно зошто со изјавите се стави во негативна позиција кон Србија, нека му служи на чест“, стоеше во соопштението од Терзиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА