Домаќинот Бразил го стартуваше настапот на овогодинешното издание на Копа Америка со убедлива победа од 3-0 над Боливија. Иако конечниот резултат е убедлив, сепак „кариоките“ се намачија да стигнат до трите бода откако во првото полувреме не најдоа начин да го совладаат противничкиот голман.
За слабото издание беа испратени со свирежи од своите навивачи, што ги мотивираше Бразилците да заиграат далеку подобро во вториот дел. Во пресрет им излегоа и ВАР-судиите, кои им доделија пенал по неполни три минути игра во второто полувреме што Кутињо го претвори во водечки погодок. Истиот фудбалер зголеми на 2-0 на асистенција на Фирмино, а конечните 3-0 ги постави Евертон.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА