Репрезентацијата на Аргентина ги разочара своите фанови на стартот на Копа Америка, откако во воведниот меч загуби од Колумбија со 2-0. Поранешниот аргентински репрезентативец Хернан Креспо вели дека Меси и Агуеро, поради нивната катастрофална дефанзивна игра, се главни виновници за слабите партии кои ги прикажува националната селекција.
„Аргентина не може да најде рамнотежа во играта бидејќи во тимот има двајца фудбалери кои воопшто не помагаат дефанзивно, а тоа се Меси и Агуеро. Во нападот се феноменални, но кога треба да се вратат во одбрана тие само шетаат по теренот. Тие се наши најважни фудбалери, но сепак нивната незаинтересираност им ја олеснува работата на противниците“, изјави Креспо.
Аргентина првите бодови на Копа Америка ќе ги бара во мечот против Парагвај кој на програмата е ноќта меѓу четврток и петок.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА