Иднинаната на бразилскиот фудбалски репрезентативец Кутињо е незивесна. По просечната сезона помината во дресот на Барселона во која забележа само пет гола и две асистенции, Бразилецот размислува за заминување од Каталонија.
Манчестер Јунајтед беше заинтересиран за неговите услуги, но Кутињо не сака да премине во лутиот ривал на Ливерпул, тим во кој помина пет години. Прва опција за него е францускиот шампион Пари Сен Жермен, а како што пренесуваат француските медиуми веќе се почнати преговори меѓу двата тима за негова преселба на „Паркот на принцовите“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА