Легендарниот Предраг Мијатовиќ во интервју дадено за Би-би-си говореше за своите почетоци во фудбалот и освојувањето на младинското светско првенство во Чиле во 1987 година. Тој смета дека доколку не се случел распадот на Југославија, еден ден поранешната земја ќе била светски шампион.
„Имавме среќа што бевме формирани во силната југословенска лига. И по освојувањето на титулата во Чиле уште неколку години се задржавме во земјата. Не сум личност која што жали за минатото, но да останевме заедно, ќе се квалификувавме сигурно на следните четири или пет големи натпреварувања, а со малку среќа ќе станевме и шампиони“, изјави Мијатовиќ.
Мијатовиќ кариерата ја почна во Будучност од каде што во 1990. година премина во Партизан. Потоа следуваше интернационалната кариера која ја почна во Валенсија, за потоа во 1996. година да потпише за Реал Мадрид, клуб со кој ја освои Лигата на шампионите во сезоната 1997/1998 година. Три години играше и за Фиорентина, а кариерата ја заврши во Леванте.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА