Анадолу Ефес ја прекина доминацијата на Фенербахче во Турција

Анадолу Ефес е нов шампион во турската кошаркарска лига, откако во мајсторката во финалната серија го совлада Фенербахче со 89-74.

Гостите беа подобар противник само во првата четвртина која ја добија со два поени разлика (21-23). Клучна беше втората четвртина во која Ефес со одлична игра во одбраната на Фенербахче му дозволи само 14 поени, а на полувреме се замина со плус седум за домаќините (44-37).

Во второто полувреме Анадолу Ефес само ја зголемуваше предноста за конечна победа од 89-74.

Најефикасен во победничкиот табор беше Шејн Ларкин со 38 поени, а Василије Мициќ уфрли 20. Кај Фенербахче најрасположен беше Костас Слукас со 21 поен.

Анадолу Ефес стигна до 14. титула во домашното првенство, со што е најтрофеен тим, а веднаш зад нив е Фенербахче со 9 трофеи.

Се вчитува...