Скандал на СП: Камерунките престанаа да играат обвинувајќи ги судиите за расизам

Во осминафиналето меѓу Англија и Камерун на Светското првенство за жени, кое се игра во Франција, се случи нешто кое не го памети модерниот фудбал.

Кога во финишот на првото полувреме по проверка на ВАР системот беше потврдено дека Англија поведува со 2-0, Камерунките престанаа да играат. Пет минути минаа во плачење, докажување дека кинеската судијка погрешно ја проценила ситуацијата, покажување кон семафорот… Па, судијката од Кина по признаениот втор погодок на Англичаните досуди крај на полувремето.

Но, во тунелот Камерунките отворено ги обвиниле судиите за расизам, за да на крајот сепак се појавија на стартот од второто полувреме. ВАР системот во секој случај потврди добро дека англиската фудбалерка не била во офсајд позиција.

Камерунките потоа тотално „пукнаа“ кога во една ситуација, повторно по проверка на ВАР, им беше поништен и гол…

 

На крајот Англија славеше со 3-0 и се пласираше во четвртфиналето каде ќе се соочи со Норвешка.

Се вчитува...